Економија, финансии, бизнис

Контакт

Windows 8 достапен и во Македонија

Windows 8 достапен и во Македонија

Нови понуди, апликации и широк спектар на опции за хардвер се неколку од можностите што ги нуди Windows8 на своите клиенти. Windows 8, Мајкрософт, го презентираше за своите клиенти во целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија. Достапен ќе биде на повеќе од 140 пазари и адаптиран на 37 јазици, меѓу кои и на македонски.

На своите клинети со новиот производ, кој според нив е револуционерен, нуди  нов кориснички интерфејс, широк спектар апликации од Windows оперативниот систем, достапен на повеќе од 1.000 Windows8 сертифицирани модели компјутери и таблети.

Со лансирањето на Windows 8, Мајкрософт го отвора прозорецот кон светот, воопшто, за таблети или персонални компјутери, без разлика дали корисникот има потреба од креирање, работа или забава - Windows 8 обезбедува можности кои одговараат на секој личен стил и потреби.

Toj ќе биде достапен во две верзии во продажбата на мало Windows и Windows 8 PRO. За сите деловни корисници конфигуриран е Windows 8 Enterprise, кој нуди нови можности во мобилното работење, како и подобрена енд – то – енд безбедност на функции. Во исто време, претставен е новиот член на семејството од Windows дизајниран за АРМ-базирани таблети.

Една од главните карактеристики на Виндоус 8 е новиот брз и лесен почетен екран кој им овозможува на корисниците оне клин пристап до апликациите, како и содржина која за нив е најважна - со сосема нов Интернет Експлорер 10, кој е совршен за тач и има вграден СкајДраив.

Слично

Поврзани вести