Економија, финансии, бизнис

Контакт

Wi-Fi мрежата на Starbucks копала е-валути од муштериите

Wi-Fi мрежата на Starbucks копала е-валути од муштериите

Корисник на Starbucks брендот во Буенос Аирес, Аргентина открил дека додека пиел кафе и се логирал на бесплатната Wi-Fi интернет мрежа неговиот лаптоп добил код за копање на е-валути. 

Најпрво помислил дека станува збор за инфицирање на безжичната интернет мрежа со код за копање на биткоини, но всушност хакерите кои ја креирале заразата копале друг вид на е-валута монеро. 

Случајот е веднаш пријавен до надлежните во Starbucks кои потоа известија дека презеле итни мерки за да ги заштитат своите муштерии од штетен софтвер пласиран преку интернет мрежата. 

Кодот кој ги инфицира лаптопите или мобилните уреди ја користи графичката карта и троши многу енергија за да се вклучи во блокчејн процесот на отклучување на делови од криптовалутите со што потоа се креираат биткоини или други видови на електронски пари, но ги успоруваат перформансите на уредот и не се премногу безбедни. 

Слично

Поврзани вести