Wall Street: Програмот на ЕЦБ поттикна раст на индексот трет ден по ред!
На Wall Street во четвртокот цените на акциите силно пораснаа бидејќи вложувачите ги расположило повеќе отколку што се очекувало програмот на Европската централна банка за поттикнување на економијата на еврозоната.
Dow Jones зајакнал 259 поени или од 1,48 посто на 17.813 поени, додека S&P 500 пораснал од 1,53 посто на 2063 поени, а Nasdaq индексот 1,78 посто на 4750 поени.
Растот на цените на акциите трет ден по ред најмногу им балгодари на одлуката на челниците на ЕЦБ за воведувањето на програмот за купување на државни обврзници за 60 милијарди евра месечно. Програмот ќе почне во март, а ќе трае се до 2016 година, па вкупната вредност на програмот надминала 1000 милијарди евра.
Вложувачите се надеваат дека овој програм ќе го поттикне растот на економијата на еврозоната, со оглед на досегашните обиди, од намалување на каматите на ЕЦБ на рекордно ниско ниво, преку ефтини долгорочни кредити, до купување на недвижности, досега не ги дале посакуваните резултати.
„Многумина велат дека овој програм нема одеднаш да ги покрене работите. Тоа е долг пат, а ова е прв чекор“, вели Јон Канали стратег во компанијата „LPL Financial“.
Меѓу најголемите добитници вчера беа акциите на банките бидејќи високата ликвидност на финансиските пазари им го олеснала бизнисот. S&P индексот на финансискиот сектор скокнал повеќе од 2 посто.
Благодарение на стабилизацијата на цената на нафтата, за 0,4 одсто се зголемил S&P индексот на енергетскиот сектор, додека меѓу губитниците, со пад од 0,7 посто, се најде телекомуникациониот сектор. Тоа е најмногу последица на падот на цените на акциите на „Verizon Communications“ после слабите отколку што се очекувало квартални бизнис резултати.
Од таа причина меѓу губитниците се најде и акцијата на „American Express“ , со пад на цените за повеќе од 2 посто, а компанијата најавила и укинување на околу 4000 работни места.
И на европските берзи цените на акциите вчера пораснале. Лондонски FTSE индекс зајакнал 1,02 посто на 6796 поени, додека франкфуртскиот DAX скокнал 1,32 посто, на рекордни 10435 поени, а париски CAC 1,52 посто, на 4552 поени.
