Економија, финансии, бизнис

Контакт

VW скандалот се проширува и во ,,Шкода”

VW скандалот се проширува и во ,,Шкода”
Аферата на Фолксваген со лажирањето на податоците од издувните гасови се проширува. По признанието на ,,Ауди” и автомобилскта индустрија ,,Шкода” призна дека во над 1,2 милиони нивни автомобили биле вградени софтвери за лажирање на податоците за штетните гасови. Раководството на „Шкода“ минатата недела соопшти дека сега во Европа не користи ТДИ мотори кај кои беше откриено фалсификување на мерењата на емисиите на гасови, а ги има монтирано во постарите модели на „Фабија“, „Октавија“, „Рапид“ и „Румстер“. Портпаролот на Шкода, Јозеф Балаз , изјави дека автомобилите со лажните софтвери ќе бидат повлечени од продажба, а трошоците ќе бидат покриени. Аферата Фолксваген ја шокира јавноста, откако беше обелоденето дека над 11 милиони од своите автомобили биле опремени со софтвери кои ги лажирале податоците од тестирањата на перформансите. Скандалот го извалка брендот ,,Направено во Германија” , а истиот ќе ја чини компанијата над 18 милијарди долари парични казни.
Слично

Поврзани вести