Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВУЛКАНСКИ ДОЖД ДОАЃА НА БАЛКАНОТ: Честички од вулканот ќе дојдат и кај нас

ВУЛКАНСКИ ДОЖД ДОАЃА НА БАЛКАНОТ: Честички од вулканот ќе дојдат и кај нас

Метеорологот Иван Ристиќ неодамна изјави дека чадот предизвикан од ерупцијата на вулканот на Исланд ќе стигне и до Балканот. Како што истакна, посебен проблем ќе има нашето подрачје, бидејќи ќе имаме смог, а во воздухот честички од вулкански чад.

Вулкан што еруптираше на Исланд може да направи хаос на небото над Европа. Поради отровните честички и чадот што се јавува поради ерупцијата, можно е да дојде до прекин и блокирање на воздушниот сообраќај. Во зависност од јачината на експлозијата зависи и густината на чадот.

Според некои експерти, чадот кој тргна од Исланд, носен од северозападниот ветер, се движи кон Полска и Германија, по што ќе продолжи кон Русија.

Меѓутоа, метеорологот Иван Ристиќ забележува дека облачноста и дождот, кои се најавени за петок на Балканот, со себе ќе носат и вулкански честички.

- Во петок на 22 декември млазниот поток ќе ги поврзе Балканот и Исланд, облаците покрај дожд и снег ќе содржат вулкански честички, но на тоа веќе сме навикнати бидејќи имавме многу песок од Сахара - најави метеорологот Иван Ристиќ на својот Фејсбук профил.


Слично

Поврзани вести