Вулин за настаните во Цетиње: Немаме аспирации за ниту сантиметар од нечија територија
Српскиот министер за надворешни работи Александар Вулин ги искоментира настаните во Цетиње.
Вели дека ако не го создадат српскиот свет, се плаши дека нема да ги дочекаат новите генерации Срби. Вели дека во Црна Гора се создаде омраза и антисрпско расположение предизвикано од ништо.
„Задачата на оваа генерација политичари е да го создадат српскиот свет со цел да ги заштитат Србите“, изјава Вулин на ТВ Пинк, кој смета дека „вчерашниот настан во Цетиње јасно покажува колку е важно сите Срби да бидат обединети и секогаш да дејствуваат како единствен политички народ“, пишува Јутарни.
Вели дека настани во Црна Гора можат да се споредат само со линч на претседателот Александар Вучиќ во Сребреница.„Ние немаме аспирации за ниту сантиметар од нечија територија надвор од границите на Република Србија, но немојте да имате аспирации за 13 проценти од нашата територија наречена Косово и Метохија, но немојте да имате такви идеи да ја распарчувате Србија, со цел да ги зачувате мирот и безбедноста на Балканот. Значи, Балканот е безбеден, мирен и стабилен само кога Србија не размислува за Србите и кога можете да им правите што сакате на Србите“, рече Вулин.
Митрополитот црногорско-приморски, Јоаникие, беше устоличен вчера наутро во историската верска престолнина на Црна Гора и покрај противењето на неколку илјади демонстранти кои два дена ги држеа блокирани патиштата кон Цетиње.
Митрополитот Јоаникије и српскиот патријарх Порфириј пристигнаа во Цетиње со хеликоптер и во придружба на специјалната полициска единица.
