Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вулин вели дека Хашката пресуда ќе има последици на односите во регионот

Вулин вели дека Хашката пресуда ќе има последици на односите во регионот

Последната пресуда на Меѓународниот трибунал за поранешна Југославија, изречена во однос на шестмина политички и воени лидери на босанските Хрвати само ден пред распуштањето на специјализираниот суд, ќе има последици врз односите меѓу двата народа, изјави српскиот министер за одбрана, Александар Вулин. 

За Белград најважни се мирот и стабилноста, а исто така на српскиот народ да му бидат гарантирани сите права.

„Најважно е за Србите дека оваа одлука во никој случај не ги засега. Се разбира дека тоа покажува што се случило меѓу Хрватите и муслиманите, каде што тие не биле сојузници. Но, во случаите во кои биле сојузници, никој не ги казнува за злосторствата извршени против Србите. Ова останува длабок впечаток“- рече Вулин.

Според зборовите на министерот, дека ако се суди според делата, Трибуналот во Хаг остава впечаток дека „против Србите никој не вршел злосторства”.

Според него, Трибуналот во Хаг не заслужува почит. 

Слично

Поврзани вести