Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вулин сепак вели дека Србите треба да се обединат во една држава

Вулин сепак вели дека Србите треба да се обединат во една држава

Националното прашање да се реши со обединување на Србите во една држава, вели министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин.

Тој вели  дека не му е јасно зошто границите на државите на Балканот се непроменливи и зошто српското национално прашање не би се решило конечно со тоа што би дошло до обединување на Србите во една држава.

За нон пејперот на словенечкито премиер Јанес Јанша кој наводно предлага распаѓање на Босна и Херцеговина и обединување на Република Српска со Србија, тој кажа дека не би го изненадило доколку таков предлог навистина постои, како и дека тој би го отсликал „апсолутното лицемерие“ на Брисел.

„На Балканот очигледно националните прашања се решаваат со тоа што нацијата се обединува во единствена политичка структура, во една држава“, кажа Вулин за ТВ Пинк.

Коментирајќи ги критиките за планот за распад на БиХ и обединување на РС и Србија, Вулин кажа дека станува збор за ставови на „случајни Срби“, кои однапред се определуваат против идеите кои се добри за Србија.

„Кога српското ткиво се кине тоа е правилно, а сега, кога постои идеја дека Србите треба да се обединат тоа мора да се спречи“, рече Вулин.

Тој кажа и дека го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ, како и Дејтонскиот договор, но дека и тамошните политичари зборуваат дека тоа е нефункционална држава.

Нон пејперот за кој словенечкиот премиер Јанез Јанша тврдеше дека не постои, ги загрижува балканските земји. 

Најжестоко на идејата за промена на границите се спротивставија во БиХ. Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко,  предупреди на опасноста од распад на Босна.

Слично

Поврзани вести