Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВУЛИН ОСТРО КОН ЕУ: Кога веќе не пративте вакцини, задржете си ги и политичките ставови за себе

ВУЛИН ОСТРО КОН ЕУ: Кога веќе не пративте вакцини, задржете си ги и политичките ставови за себе

Ако не можеа или не сакаа да ни испраќаат вакцини, пратениците во ЕУ не мораат да ни ги испраќаат ниту нивните амандмани, изјави денеска српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин, коментирајќи го амандманот на извештајот на Европскиот парламент за Србија, кој се однесува на случајот со Јовањица, Телеком и Крушик.

-Бидејќи сте чувале медицинска опрема и вакцини за себе, ги замолувам Европејците да ги задржат своите политички ставови, притисок врз нашето судство и лицемерието да го задржат за себе. Ако не можете да ни го дадете она што ни треба, слободно чувајте го она што не ни е потребно, рече Вулин, кој е и претседател на Социјалистичкото движење.

Во еден од амандманите на извештајот на Европскиот парламент за Србија се наведува барањето на повеќе пратеници за резултатите во случаите Крушик, Јовањица и Телеком.

Foto: Kurir Televizija

Слично

Поврзани вести