Вулин: Ни јавија дека исчезнатото момче Матеј купува леб на Врачар
Неодамна дури ни јавија дека исчезнатото момче купува леб на Врачар. Кога проверивме, сфативме дека се работи за сосед“, изјави српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин во утринската програма на Курир телевизија за изчезнатиот Матеј Периш.
Вулин потврди дека се запознал со таткото на Матеј, Ненад Периш.
„Имаше обиди ова да се претстави како меѓуетнички конфликт. Тоа навистина е одвратно и зборува за омразата која ја чувствувате кон овој град. Ова е безбеден град, овде никој нема да ве нападне поради националност. Белград сака странци. Од сите десетина илјади странци кои биле овде за новогодишните празници, вие немате ниту еден единствен инцидент. Тоа е бидејќи Белград сака странци, ние не ги делиме луѓето според нивната етничка припадност“, вели Вулин.Матеј е младо момче од Сплит кое дошло за Нова година во Белград, по што исчезна. По него се трага откако почна оваа 2022 година.
Слично
