Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вулин му врати на Заев: Ние сакаме слобода и самостојност

Вулин му врати на Заев: Ние сакаме слобода и самостојност

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин денеска изјави дека Македонија и Србија немаат исти цели и дека неговата земја ќе остане воено неутрална и слободна. 

„Заев мора да знае дека не постојат Србија и Косово, туку постои само Србија и територија која е под привремена управа на Обединетите нации, во согласност со резолуцијата 1.244. Македонија и Србија немаат исти цели. Ние сакаме слобода и самостојност, сакаме да решаваме сами за себе. Се додека ја води Александар Вучиќ, Србија ќе остане воено неутрална и слободна, па макар била и последната земја која не е членка на НАТО пактот“- изјави Вулин.

На самитот на НАТО во Брисел, премиерот Зоран Заев изјави дека се надева дека решението со Грција ќе ги охрабри Србија и Косово да продолжат со дијалогот.

Слично

Поврзани вести