Вулин бара да се запре ширењето на „Голема Албанија“ за да не се запали регионот
Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин денеска изјави дека треба да се запре ширењето на „Голема Албанија“.
Вели дека оваа идеја е најопасна на Балканот.
„Голема Албанија“ значи војна и тоа не само војна со Србија и со Србите, туку палење на Црна Гора, Македонија, можеби и Грција и сигурно Србија. Сакате да ја запреме или не сакате или да почекаме на некој поинаков распоред на ѕвездите и силите“ – праша Вулин.
Во изјава за Телевизија Хепи тој рече дека за прашањето за разграничување ништо не е договорено, затоа што најголемите сили се против тоа, за што според него, сведочи и изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел.
Според него, тие сакаат независно и цело Косово.
Рече дека најголемите светски сили сакаат да ја оправдааат 1999 година затоа што разграничувањето би значело дека агресијата на НАТО не била според закони и дека на тој начин признаваат дека тие напади биле акт нанасилство, правно и секое друго.
