Вулин: Aко Приштина сака разговори со Белград, прво треба да ги повлече единиците на Росу
Србија не преговара со пиштол вперен во чело, вели српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин.
Според него, доколку Приштина сака разговори со Белград, прво треба да ги повлече единиците на Росу од северот на Косово. Тој рече дека Србија сака мир на Косово, но и дека српската жандармерија ќе ја исполни секоја наредба на претседателот Александар Вучиќ.
„Жандармеријата е подготвена, обучена, технички опремена, но што е најважно високо мотивирана да ги брани своите луѓе каде и да е потребно“, додаде Вулин.
Вулин изјави дека силна Србија е гарант за безбедноста на Србите во Косово и дека никогаш повеќе нема да се повтори погронот на Србите.
Двата премини на северот на Косово, Јариње и Брњак и патиштата што водат кон нив пет дена се блокирани од косовските Срби поради одлуката на косовските власти во понеделникот да воведат тест таблички за српските регистарски таблички, но и започна со одземање на табличките со градовите на Косово, издадени од српското Министерство за внатрешни работи.
Вчера медиумите во Србија информираа за тројца претепани Срби, и ова го загрижува Вучиќ.
Косовската полиција негираше дека нејзини припадници претепале тројца Срби во близина на преминот Брњак.
