Вук Бориловиќ доживеал трауми во младоста, откриваат неговите сограѓани
Според пишувањата на српски Курир, Вук Бориловиќ човекот кој во петокот во Цетиње, Црна Гора уби 10, а рани 6 луѓе, по што е убиен, во младоста доживеал трауми.
Српскиот медиум пишува дека додека бил млад, и одел на лов, го нападнала мечка. Тоа се случило кога убиецот имал 15 години. Пред 15 години се самоубил неговиот брат. Младиот човек според кажувањата на жителите на Цетиње се обесил. Тие велат дека е можно овие трауми да влијаеле на неговата психа, но не го оправдуваат злосторството кое тој го направи. Во масакрот загинаа и две деца.
Слично
