Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вујовиќ: Догодина ќе имаме двојно повеќе лансирања во Македонија

Вујовиќ: Догодина ќе имаме двојно повеќе лансирања во Македонија

Милан Вујовиќ, директорот на Samsung за Јадранскиот регион во чија надлежност е и Македонија, истакна дека компанијата догодина ќе има двојно повеќе лансирања на производи на македонскиот пазар со што ќе продолжи трендот на достава на најновите технолошки уреди, решенија и иновации.

Компанијата Samsung во винскиот клуб на Камник со соработниците, медиумите и партнерите ја прослави годината која изминува, а која според Вујовиќ била многу успешна, гледано и според зголемената продажба и зголемените приходи.


Вујовиќ изрази големо задоволство од перформансите на македонскиот пазар кој е еден од најдобрите во Јадранскиот регион, па затоа ќе продолжи и посветеноста на Samsung кон македонските корисници.

Догодина може да очекуваме голем број на лансирања на смартфони од Galaxy серијата, нови телевизори и уреди од бела техника за домаќинство. 


Слично

Поврзани вести