Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: За неколку години од Суботица до Скопје за 4,5 часа

Вучиќ: За неколку години од Суботица до Скопје за 4,5 часа

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска при посетата на источниот дел од Србија рече дека наскоро ќе биде потпишан договорот со европските партнери за изградба на брза железница со која до Скопје ќе се патува за 4,5 часа.

Вучиќ изрази надеж дека за време на посетата на највисоките европски претставници наскоро ќе може да биде потпишан договор за изградба на пругата Белград-Ниш како и до границата со Македонија.

- Благодарение на изградбата на брза пруга на таа траса, ќе може да се стигне од Суботица до Скопје за само 4,5 часа, за само неколку години, изјави Вучиќ.


Слично

Поврзани вести