Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ за дијалогот со Приштина: Подобро да се преговара десет години отколку да се има еден час војна

Вучиќ за дијалогот со Приштина: Подобро да се преговара десет години отколку да се има еден час војна

Денес во посета на Белград е Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан кој по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека Косово е „отворено прашање“, но тоа не е „се и сешто“ за напредокот на Србија на европскиот пат.

Од друга страна, Вучиќ тврди дека со Хан разговорале за односите на Белград и Приштина, за ситуацијата во регионот и за работите што Србија мора да ги поправи во областите на владеењето на правото, а во врска содијалогот со Приштина, тој истакна дека е од суштинско значење за него да го зачува мирот и дека е подобро да се преговара десет години отколку да се има еден час војна.

Српскиот претседател е свесен дека не е во лесна состојба кога станува збор за Косово и дека не сакаат сите компромис, со оглед на изразените ставови. „Можеби е за некого фраза, но за мене не е, туку е од суштинско значење, да го зачуваме мирот во односите со Приштина, да разговараме ако е потребно трипати на ден, за да го зачуваме секој живот“.

Вучиќ потсети дека вкупната помош на ЕУ за Србија оваа година изнесува 138 милиони евра и го поздрави потпишувањето на договорот за спроведување на акцискиот ИПА фонд за Србија во висина од 41,18 милиони евра.

„Најважно е дека со начинот на искористувањето (на средствата) - за реновирање на училиштата и болниците и за обнова од поплавите, за јавноста стана јасно видливо дека ЕУ е најважниот и најголем донатор на Србија“, рече Вучиќ.

Слично

Поврзани вести