Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Волкот не ги губи соништата поради мислењето на една овца

Вучиќ: Волкот не ги губи соништата поради мислењето на една овца

Волкот не ги губи соништата поради мислењето на една овца, ваква порака објави српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Тој денеска истакна дека и покрај сите притисоци, земјата „се уште опстојува и напредува“.  Српскиот претседател вели дека постојани им се говори за воведување санкции за Русија, за Косово, за српскиот народ во Република Српска.

Вучиќ за Србија рече дека „тоа е мала слободарска земја во срцето на Европа“.

Тој не прецизираше кому ја упатува пораката, но последните недели, косовскиот премиер Албин Курти постојано го напаѓа Вучиќ поради добрите односи со Русија. 

Дури и хакерската група Анонимуси му се закануваа на Вучиќ, го нарекуваа кукла на рускиот претседател Владимир Путин и фашист. 

Oдносите на релација Србија - Косово се влошени, а на Бадник и Божиќ, косовски Албанци нападнаа српски деца. 

Слично

Поврзани вести