Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ во Кина ќе бара поддршка за супербрза железница Белград-Будимпешта

Вучиќ во Кина ќе бара поддршка за супербрза железница Белград-Будимпешта
Српскиот премиер Александар Вучиќ на својот кинески колега Ли Кечијанг ќе му ја претстави идејата за изградба на супербрза железничка линија Белград-Будимпешта, на која возовите ќе се движжат со брзина до 300 километри на час. Модерната пруга, според предлогот на Вучиќ, би можеле да ја градат кинески компании. Тоа е еден од проектите кои српскиот премиер ќе ги претстави пред своите соговорници за време на посетата на Кина од 10 до 12 септември. Инфраструктурните и проектите во секторите на финансии и енергетика ќе бидат главни теми на неговите разговори со кинеските државни претставници, развојните банки и големите компании како „Хуавеи“. Кинески компании досега во Србија работат на изградбата на мостот Борча-Земун, делови од коридорот 11, како и на ревитализација на термоелектраната во Костолац. Врз основа на тековните инфраструктурни проекти, кај кинеските компании бил зајакнат интересот за учество во вакви проекти во Србија.
Слично

Поврзани вести