Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВУЧИЌ: ВЛАДА ПО МЕРКА НА НАРОДОТ, не сум тука да исполнувам желби

ВУЧИЌ: ВЛАДА ПО МЕРКА НА НАРОДОТ, не сум тука да исполнувам желби

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е извесно дека собранието ќе биде конституирано во понеделник, а потоа се очекува да биде формирана и влада кон средината на август.

- И сега, поради доаѓањето на шпанскиот премиер, извесно е дека собранието ќе се формира дури во понеделник, и тоа ќе биде завршено на 1 август, а потоа од средината на август може да се очекува формирање на владата - изјави Вучиќ.

Владата на Србија ќе биде по мерка на народот, односно како што избраа граѓаните на Србија, изјави Вучиќ и посочи дека не е тука да исполнува нечии желби.

Коментирајќи ја изјавата на американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, дека очекува прозападна влада и дали ќе му ја исполни желбата, Вучиќ одговори:

- Не сум тука да исполнувам желби. Граѓаните избираат, а тие избраа Србија да има српска Влада, која ќе се грижи за своите интереси - кажа Вучиќ.

Тој изјави и дека му е драго што Хил рекол дека нема да се меша во изборот на министри, што вели дека е нормално, додавајќи иронично дека е сигурен дека амбасадорите не се мешале во ова претходно, особено во 2008 година, но и порано.

Амбасадорот на САД во Белград, Кристофер Хил, за денешен Блиц изјави дека би сакал во Србија да види прозападна влада и министри кои веруваат во стратешките насоки за кои гласале Србите и дека Србија мора да се сврти кон Запад и дека не постојат други опции.

-Би сакал да го видам тоа и разбирам дека формирањето влада е комплицирано. Порано кога ќе ме прашаа за одредени позиции, а јас давав предлози, многупати ќе испаднеше дека грешам. Не им кажувам на владите кого да постават на кои позиции, кажа Хил.

Како што додаде, живееме во важни и критични времиња и ќе биде неопходно да се донесат многу важни одлуки, како оние за енергетските извори.

- Би сакал да видам влада која е способна да ги надмине овие предизвици и која сака да се движи кон Запад. Многу е јасно дека граѓаните на Србија го избра тоа, рече Хил.

На прашањето колку кризата во Украина влијае на односите меѓу Србија и САД, тој одговори дека смета дека тоа „отвора предизвици, но и можности, како што прават сите кризи“.

-Во однос на предизвикот, знам дека многу Срби се чувствуваат како да се нашле во теснец, но исто така мислам дека, што се однесува до многу Срби, тоа е одлучено и дека тие мислат дека Србија мора да се сврти кон Запад. Србија мора да се сврти кон Запад, нема други опции, рече Хил. 

Слично

Поврзани вести