Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ вели сите сакаат да се видат со Алиев, а причина е гасот од Азербејџан

Вучиќ вели сите сакаат да се видат со Алиев, а причина е гасот од Азербејџан

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека Илхам Алиев е најпопуларниот човек во Европа и сега им е најдраг гостин на оние кои досега немале време за него, но во моментов сите се заинтересирани за „неговиот“ гас.  Српскиот претседател денеска се сретна со азербејџанскиот колега. 

Вучиќ изјави дека Азербејџан има огромни резерви на природен гас и дека Србија ќе се обиде да обезбеди енергетска безбедност во партнерство со оваа држава.  Српскиот претседател вели дека него го викаат само поради Косово. 

Двете земји цврсто ќе го штитат својот територијален интегритет, ќе си помагаат меѓусебно на меѓународната сцена, ќе ја почитуваат Повелбата на Обединетите нации и дека се подготвени да соработуваат во полето на енергијата.

„Разговаравме за соработка во областа на енергетиката, бидејќи Азербејџан извезува околу 22 милијарди кубни метри гас, половина од тоа во европските земји“, вели Вучиќ.

Кажа дека затоа Србија гради интерконектор со Бугарија за да може да купува гас и од своите пријатели во Баку. Вучиќ рече дека се разгледува и можноста за купување струја од Азербејџан, преку приклучување на подводниот кабел, кој оди под Црното Море. Двете делегации потпишаа седум договори. 

Русија почна да испорачува гас за Азербејџан. До март идната година ќе дистрибуираат милијарда метри кубни гас. 

Слично

Поврзани вести