Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ вели дека Русија нема да го признае Косово, но тие трпат притисок

Вучиќ вели дека Русија нема да го признае Косово, но тие трпат притисок

По изјавата на Путин за Косово притисокот е неподнослив, вели српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Објасни дека рускиот претседател Владимир  Путин, бранејќи ги руските интереси, повлекол аргумент кој не е лесен.

„Затоа сега ќе бидеме под најтешкиот притисок и темата Косово ќе биде најдоминантна. Тоа не значи дека Русија ќе го признае Косово. Нема. Ниту, пак, мислам дека нешто ќе се случи околу ова прашање, освен дека ќе бидеме под голем притисок, многу поголем од претходните години. Тоа станува неподносливо“, објасни Вучиќ. 

Кажа дека последните испитувања на јавното мислење покажуваат дека за првпат има јасно мнозинство граѓани кои се против влезот на Србија во ЕУ, но дека неговата работа како претседател на Србија не е да го задоволи јавното мислење.

Инаку, Путин претходно изјави дека ако може Косово да биде независно, зошто да не важи истото за Доњецк и Луганск, региони во Украина. Путин пред да ја почне војната во Украина, ја призна незавиноста на Доњецк и Луганск. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести