Вучиќ вели дека Приштина ќе ја превземе трафостаницата Валач и браната Газивода
Oчекувам Приштина наскоро да се обиде да ја превземе трафостаницата Валач, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.
Според него, тоа ќе биде со изговор дека ќе наплаќаат струја на северот на Косово, каде српското население е мнозинство. Вучиќ очекува тоа да се случи по 6 ноември.
Според него, Албанците ќе се обидат да ја заземат и браната Газивода од каде тамошните Срби се снабдуваат со вода.
Последните два месеци односите меѓу Србија и Косово беа напнати.
Слично
