Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ вели дека постои идеја „лажната држава“ Косово да влезе во НАТО

Вучиќ вели дека постои идеја „лажната држава“ Косово да влезе во НАТО

Постои идеја Косово да биде примено во НАТО, вели српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Тој Косово го нарече лажна држава. Претседателот вели дека верува дека во следните два-три месеци ќе има нова дискусија, но не под овие услови. Вучиќ рече дека сите се обидуваат да ја натераат Србија да го признае Косово. 

„Мораме да се бориме Европа да сфати дека ние не сакаме да предизвикуваме конфликти“, рече Вучиќ.

Во српското Собрание денеска имаше тензии и за малку е избегната тепачка. Во турканицата учествуваа пратеници од Двери, движење Заветници, Народна партија и ДСС, кои го прекинаа Вучиќ скандирајќи и велејќи „Предавство“ и „Косово нема да го дадеме“, а потоа се упатија кон претседателот и се обидоа физички да го нападнат.


Србија доби француско - германски предлог за решавање на косовското прашање. Веќе има сугестии од одредени политичари дека Вучиќ треба да го отфрли предлогот. 

Косово со години одолговлекува и не дозволува формирање на Заедница на српски општини. 

Фото: Milos Miskov / AFP / Profimedia

Слично

Поврзани вести