Вучиќ вели дека околу 25 отсто од светскиот пазар нема да има леб
Зимата што доаѓа за некои ќе биде најтешка во последните 70 години, предупредува српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој во интервју за Тв Прва рече дека ќе недостига многу храна. Вели дека енергенси има доволно, но ќе бидат скапи. Тој нагласи дека околу 25 отсто од светскиот пазар нема да има леб. Вучиќ рече дека нема извоз од украинските пристаништа, и дека Русија исто така е спречена да извезува житарки, освен во пријателските земји, што значи дека во Европа нема ниту килограм. Светот го тресе криза и инфлација.
И Македонија се соочи со висока стапка на инфлација за која ВМРО-ДПМНЕ вели дека е највисока од 1995 година наваму.foto freepik.com
Слично
