Вучиќ вели дека ќе имаме ужасна економска катастрофа
Ако Путин го направи тоа што мислам, следува ужасна економска катастрофа, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ за телевизијата Б92, изјави дека би сакал да каже дека ќе се смири ситуацијата во Украина, но дека шансите за тоа сега се мали. Тој вели дека нивната ситуација е многу тешка.
„Чекам да го видам одговорот на Путин. Чекам да видам што ќе каже Европската Унија. Мислам дека нема сè одеднаш да укинат, мислам дека ќе ја намалат потрошувачката на енергенси од рускиот извоз. Ако Русија го направи тоа што мислам дека ќе го направи, ќе има чекање на автомобили, што го внесува целиот свет во ужасна економска катастрофа и прашање е кога светот ќе се извлече од тоа. А да не зборуваме за можноста за ширење на конфликтот“, изјави Вучиќ.
Српската Влада донела одлука за извоз на земјоделски производи, откако во понеделникот имале огромна побарувачка од 200.000 тони. Вучиќ додаде дека регионот има потреба за житарици и дека имало големо зголемување на цените.
Русија го предупреди Западот дека работи на широк одговор на санкциите кој ќе биде брз и ќе се почувствува во најчувствителните области на Западот.
Руската економија се соочува со најтешката криза од падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, откако Западот воведе рестриктивни санкции врз речиси целиот руски финансиски и корпоративен систем. Ова се случи откако Русија ја почна инвазијата на Украина.
фото Фејсбук
