Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ вели дека ако другите се тепаат, не мораат тие во секојa чорба да бидат запршка

Вучиќ вели дека ако другите се тепаат, не мораат тие во секојa чорба да бидат запршка

Српскиот претседател, Александар Вучиќ вели дека ако сите други се тепаат, не мораат тие во секојa чорба да бидат запршка. 

Вели дека треба да ги вратат нивните деца од странство. Ова српскиот претседател Александар Вучиќ го кажа на отворањето на магистралата Нови Пазар – Тутин.

„Сега е најважно да го зачуваме мирот. Тоа што се разликуваме во вера и нација само може да нè спојува. Да живее братството и единството на нашите народи. Да живее наша Србија“, рече Вучиќ.

Србија не воведе санкции против Русија, за што трпи критики.  За енергенсите, вели дека ние ќе ја платиме цената. Србија и Унгарија се договорија за изградба на нафтовод што ќе и овозможи на Србија да се снабдува со „поевтина нафта од Урал со поврзување со нафтоводот Дружба (Пријателство). 

Слично

Поврзани вести