Вучиќ утре ќе ја прими вакцината од „Синофарм“
Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе ја прими кинеската вакцина Синофарм во Здравствената станица Рудна Глава кај Мајданпек.
Тој утре ќе биде во посета на ова гратче, каде ќе разговара со граѓаните, по што ќе одржи состанок со претставниците на локалната самоуправа на областа Бор и со претприемачи од Рудна Глава.
Пред неколку дена, за време на одбележувањето на почетокот на работите на делницата од патот „Нов Белград“, претседателот Вучиќ најави дека ако новиот контингент вакцини од кинескиот производител „Синофарм“ пристигне во Србија во понеделник, тој во вторник ќе оди на Рудна Глава за да се вакцинира.
Утрово на белградскиот аеродром пристигнаа нови половина милион дози вакцини од „Синофарм“, а премиерката Ана Брнабиќ во врска со тоа рече дека досега од Кина во Србија се доставени 2,5 милиони вакцини.
