Вучиќ утре доаѓа во Скопје
Александар Вучиќ, претседателот на Србија, утре ќе пристигне во Скопје за да присуствува на свечената инаугурација на Стево Пендаровски како нов шеф на државата.
Ова го потврди неговиот кабинет, а наедно и упати честитка до новоизбраниот претседател на Македонија.
„Ви го честитам изборот за претседател на Северна Македонија, со желби за успех на одговорната должност, соопштија од Кабинетот на српскиот претседател. Се надевам дека во иднина ќе воспоставиме добра соработка. Очекувам особено да ја потикнеме соработката во областа на економијата, како и во сите други области од заеднички интерес, а во корист на граѓаните на нашите две земји“ пишува во честитката на Вучиќ.
На свеченоста во Собранието ќе присуствуваат и претседателите на Бугарија, Албанија и Косово - Румен Радев, Илир Мета и Хашим Тачи. Најавени се и други делегации од регионот.
