Вучиќ: Убијте ме, ама Косово во овие граници нема да го признаам
Додека сум претседател нема да ја признаам независноста на Косово, порача синоќа претседателот на Србија Александар Вучиќ пред странските партнери.
-Можете само да ме убеите, но тоа нема да се случи. Еве, им кажувам на сите и на Англичаните и на Германците. Срушете ме, но нема. За 15 години може да биде некој друг претсеател, но Вучиќ нема да го признае Косово-порачал Вуќиќ, пренесе Танјуг.
Меѓудругото, Вучиќ укажал дека не мора сите да мислат исто за сите прашања, но дека по прашањето за национални и државни интереси е потребен, ако не апсолутно единство, тогаш секако „заедничи именител“.
Вучиќ, во емисијата на РТС рекол дека не мора сите да имаат ист став за сите прашања.
Слично
