Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ тврди дека Албанците сакаат да го заземат северот на Косово, видел студии за српските општини

Вучиќ тврди дека Албанците сакаат да го заземат северот на Косово, видел студии за српските општини

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е тајна дека единствената цел на Албанците е да го заземат северот на Косово и Метохија, пренесе Н1.

„Тие сакаат да го заземат северниот дел и точка. Сè друго пресметале, како Србите да не преживеат“- вели  Вучиќ. 

Вучиќ смета дека Албанците се „моќни, големи и силни“ како нивните спонзори, додавајќи дека ја имаат „поддршката од западната јавност“.

„Размислувам за нашата Србија, така што секогаш ќе ја бранам, како и вистината. Ќе го зачуваме мирот и ќе ја заштитиме стабилноста, верувам дека тие се силни и тие и нивните спонзори“- рече Вучиќ.

Toj додаде дека Албанците направиле студии за секоја српска општина, бидејќи нивната единствена цел е северот на Косово и Метохија.

Вучиќ вели дека ги видел и студиите за Грачаница, во која Албанците стануваат мнозинство. Во Ново Брдо, Албанците веќе за една година стануваат мнозинство. Нивните цели не се голема тајна. нивна цел е завземање на северот, смета Вучиќ. 

Слично

Поврзани вести