Вучиќ: Србија подготвена за дијалог со Косово
Србија е подготвена да го
продолжи дијалогот со Приштина, доколку Косово ги укине царините врз српските
стоки. Но дали ќе се случи тоа не зависи само од Србија, изјавил српскиот
претседател Александар Вучиќ во Берлин за време на средбата со шефот на
надворешната политика на Европската Унија Федерика Могерини, пренесуваат
европските медиуми.
„Србија е посветена на европскиот пат и ќе
продолжи да работи на него, Србија не сака конфликти, а одржува стабилност и
долгорочен мир “, изјавил Вучиќ.
Тој исто така истакнал дека има малку очекувања од
самитот на Западен Балкан којшто се случи вчера во Берлин.
Пред неколку месеци Косово воведе драстично
зголемени царини за увоз на српски продукти на Косово, како мерка за заштита на
сопственото производство.
