Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВУЧИЌ СО МАКРОН И ШОЛЦ: Со најодговорните луѓе на ЕУ за дијалогот со Приштина

ВУЧИЌ СО МАКРОН И ШОЛЦ: Со најодговорните луѓе на ЕУ за дијалогот со Приштина

Српскиот претседател Александар Вучиќ на Минхенската безбедносна конференција се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц.

- Сериозна и коректна средба со најодговорните луѓе на ЕУ за процесот на дијалог со Приштина, француско-германскиот план и нашите билатерални односи - напиша претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ на официјалниот Инстаграм профил. 

На отворањето на Минхенската безбедносна конференција, претседателот Вучиќ се сретна и со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Џозеф Борела, британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)


Фото: Принтскрин/Инстаграм

Слично

Поврзани вести