ВУЧИЌ СО КИНЕЗИТЕ ПОТПИША НОВ ДОГОВОР - за Србија ќе се набават уште два милиони дози од вакцината на Синофарм
На потпишувањето присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заедно со амбасадорот на Народна Република Кина, Чен Бо.
Како што беше соопштено одф претседателството во Србија, претседателот Александар Вучиќ разговарал преку видео врска со раководството на компанијата Синофарм за процесот на набавка на вакцини, изградбата на фабрика за кинески вакцини во Србија, како и за изградбата и опремата на српските болници.
За време на состанокот бил потпишан договор за набавка на два милиони нови дози вакцини Синофам, на кој присуствувал и кинескиот амбасадор во Србија, Чен Бо.
Вучиќ им ја пренесе благодарноста на претседателот на Кина Си Џинпинг, раководството на Комунистичката партија и претставниците на „Синофарм“ за помошта во снабдувањето со вакцини и рече дека најголемиот број српски граѓани биле вакцинирани со таа вакцина.
„Тој посочи дека српските експерти дале многу високо мислење за квалитетот и безбедноста на вакцината Синофарм“, се вели во соопштението.
Претседателот на групата Синофарм, Лиу Џингжен изјави дека се среќни затоа што можат да обезбедат поддршка на луѓето во Србија во борбата против вирусот. „Ја цениме довербата на граѓаните во нашиот производ“, рече тој.
Извор и фото Б92
