ВУЧИЌ СЕДИ САМ ВО ДАВОС, ИЗДВОЕН ОД ПЕНДАРОВСКИ, ПЛЕНКОВИЌ, РАМА: „Трипати ме замолија да дојдам во првиот ред, јас не сакав“
На панелот
посветен на Западен Балкан во Давос, српскиот претседател Александар Вучиќ седи
сам, објавуваат српските медиуми, објавувајќи го видеото од фицијалниот
YouTube канал на претседателот Стево
Пандаровски, како и фотографии исто така од Кабинетот на Пендаровски.
Фотографијата на Вучиќ од панелот за Западен Балкан во Давос, како што наведуваат српските медиуми, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи бидејќи Вучиќ седеше одвоено од сите лидери, сам.
На фотографијата и на видеото се претставникот на ЕУ Мирослав Лајчак, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, албанскиот премиер Еди Рама и македонскиот претседател Стево Пендаровски.
Вучиќ во
изјава за медиумите рече дека побарале
од него да седне во првиот ред, но тој не сакал.
„Таму избрав каде ќе седам, иако трипати ме замолија да дојдам во првиот ред, јас не сакав. Но, тоа е една од работите што ми се забавни. Кога имате тешки разговори и кога размислувате за тоа, за мене тоа е дел од добрата забава. Зошто? Така, кога ќе видите дека политичките противници немаат што да кажат за вашата работа, резултати, познавање на јазикот, тогаш мислат дека до нешто се дофатиле, мислејќи дека сите се површни како што се тие самите“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека не е важно каде ќе седне.
„Не е суштината дека на наставникот ќе му се допаднете ако седите во првиот ред - тоа е прашање на вашето знаење“, рече Вучиќ.
Вучиќ, меѓу другите, се сретна со Лајчак на маргините на самитот претходниот ден, додека Лајчак на Твитер објави дека имал добар разговор со Курти.
Учесниците на панелот разговараа за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан и потребата од зачувување на стабилноста, создавање услови за поттикнување на економскиот раст на земјите, а беше истакната и неопходноста од решавање на замрзнатите спорови.
