Вучиќ се воздржа, но Вулин го навреди Милановиќ
Милановиќ е еден од најглупавите хрватски политичари, вели српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин.
„Во Хрватска политичарите се поделени на отворени и тајни усташи. Кога, не знаејќи дека се снима состанокот со таканаречените бранители, гордо ги призна своите усташки корени, Милановиќ докажа дека припаѓа на тајните следбеници на усташкото движење. Но, Милановиќ докажа дека е еден од најглупавите хрватски политичари кога се обиде да ги затвори границите со Србија во 2015 година, и тоа го потврдува секој ден кога ги напаѓа Србија и Вучиќ“, се вели во изјавата на Вулин.
Претседателот Зоран Милановиќ претходно оцени дека Србија „нема силна намера“ да влезе во ЕУ и рече дека смета дека е пречка што српскиот претседател Александар Вучиќ „бил еден од најистакнатите поттикнувачи на војна во 90-тите години“.
