Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ се сретна со Порфириј, а во Цетиње уште „врие“

Вучиќ се сретна со Порфириј, а во Цетиње уште „врие“

Приврзаниците на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ не се откажуваат да воспостават контрола врз манастирот во Цетиње. 

Собранието на Цетиње расправа за доделување на манастирот Цетиње на самопрогласениот поглавар на не призаената Црногорската црква предводена од расчинетиот Митрополит Михајло, пренесуваат српските медиуми. 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес се сретна со патријархот на Српската православна црква (СПЦ), Порфириј. Ова е бјавено е на Инстаграм профилот на Вучиќ. Детали за што се разговарало нема. 

Средбата меѓу Вучиќ и Порфириј се одржа два дена по устоличувањето на Црногорско-приморскиот митрополит на СПЦ, Јоаникиј. Тој беше устоличен од патријархот Порфириј на 5 септември во манастирот во Цетиње, а церемонијата на устоличување помина со нереди во кои беа повредени околу 60 луѓе. 

Потпретседателот на црногорската Влада, Дритан Абазовиќ, изјави дека постои голема безбедносна закана за патријархот. 

Слично

Поврзани вести