Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ се разболе и ги откажа настаните, Брнабиќ вели дека му е од стресот со Косово

Вучиќ се разболе и ги откажа настаните, Брнабиќ вели дека му е од стресот со Косово

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, „фати грип“.

"Тој не се одмара, можам да го кажам тоа. Би сакала да одмори уште малку. Тој е под страшна напнатост, се разбира, за што се случува на Косово и Метохија, мислам дека навистина не спиел ноќе. Го фати грипот и сето тоа. Имунолошкиот систем му ослабна, се разбира, од тие напори и од тој стрес“, рече Брнабиќ за ТВ Хепи.

Српската советничка за медиуми Сузана Васиjeевиќ во вторникот за Еуроњус изјави дека Вучиќ ги откажал закажаните состаноци со амбасадорите на Русија и Кина по совет на лекарите.

Откажан е и најавениот говор на Вучиќ на дводневната конференција „Западен Балкан, еден регион, еден пазар - чекор кон заедничкиот пазар на ЕУ“, која започнува денеска во Нови Сад.


Слично

Поврзани вести