Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ: Oбезбедивме струја и гас, луѓето да се шетаат по дома по гаќи и маици

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ: Oбезбедивме струја и гас, луѓето да се шетаат по дома по гаќи и маици

Обезбедивме струја и гас граѓаните по гаќи и маици да се шетаат дома, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Вучиќ изјави дека во средата се потрошени 11 милиони кубни метри гас и 2,6 милиони кубни метри гас од резервите лоцирани во Унгарија, пренесе Н1.

Вучиќ рече дека се работи за голема потрошувачка на температура од 15 степени.

„Успеавме да обезбедиме луѓето да имаат и струја и гас, да се шетаат по дома со гаќи и маици, никој да не носи џемпер, бидејќи температурите се 22 и 23 степени или 25 степени“, рече Вучиќ.

Но, вели дека наидува на отпор кога државата одлучува да работи некаде на ветерници и соларни електрани.

Македонија и Србија се блиску до договор гас за струја. Идејата е Србија да и дава гас на Македонија, а во замена за тоа да добива струја со која би ги покрила недостатоците во јужниот дел.

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести