Вучиќ се плаши од „експлозија“ на коронавирусот, но ќе градат болници
Српскиот претседател Александар Вучиќ стравува дека летово ќе има „експлозија“ на коронавирусот. Тој се плаши од новите соеви.
„Се плашам од сите нови видови, затоа градиме болница во Нови Сад, која ќе биде готова до септември“, најави Вучиќ.
Вели дека се подготвени за нов бран.
„Немаме проблеми со човечки или болнички капацитети, како и со креветите на интензивна и полуинтензивна нега. Но, секое зголемување на инфекцијата ја убива земјата – економски капацитет, економски перформанси, стапка на раст. Епидемиолозите внимателно го следат ова и ја прават својата работа на најдобар можен начин“, додаде Вучиќ.
Тој најави дека Министерството за здравство наскоро ќе донесе одлука за градење нови капацитети.
Доктор Миланко Шеклер вели дека е можно наесен да имаат по 4.000 заразени дневно.
