Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ: Се надевам дека е можно по некое чудо да стигнеме до компромисно решение

Вучиќ: Се надевам дека е можно по некое чудо да стигнеме до компромисно решение

Зад нас е тежок ден, се надевам дека по некое чудо ќе дојдеме до компромисно решение, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со косовскиот премиер Албин Курти. 

„Тешкиот ден е зад нас, тоа беше тежок ден за сите граѓани и за целата држава, не можам да кажам дека заврши успешно, но се воздржувам од други коментари бидејќи се надевам дека е можно по некое чудо да стигнеме до компромисно решение.Затоа ќе продолжам да се борам за мир и стабилност“, објави Вучиќ во видео обраќањето на Инстаграм.

Тој најави дека ќе им се обрати на граѓаните во следните 48 часа.

„Едвај чекам да се вратам во Србија!“ – напиша претседателот, пренесува „Танјуг“.

Во Брисел немало напредок. 

Немаме договор, но тоа не е крајот на приказната, изјави  високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Аљбин Курти, во Брисел. 

Кажа дека двете страни се согласија дека процесот мора да продолжи и разговорот ќе продолжи во наредните денови, бидејќи до 1 септември има уште време, тој не се откажува. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести