Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ сака нов економски блок од Југославија + Албанија

Вучиќ сака нов економски блок од Југославија + Албанија

Актуелниот српски премиер и иден претседател Александар Вучиќ се изјасни за создавање на економски и пазарен простор на територијата на поранешна Југославија, кој ќе ја вклучува и Албанија. 

Според него, тоа ќе доведе до подобрување на економиите на земјите и регионалната соработка. 

Во своето прво интервју како новоизбран претседател (Вучиќ победи на претседателските избори на 2 април) за „Политико“ тој вели дека „другите земји од регионот, кои ќе го прифаатат неговиот план, ќе создадат пазар за 20 милиони луѓе што е многу важно за привлекување на повеќе инвеститори“.

„Мислам дека и останатите го разбираат тоа нешто“, вели Вучиќ. 

На прашањето дали сака да создаде нова Југославија, тој одговара: „Станува збор за Стара Југославија плус Албанија“. „Станува збор за политичка идеја, без да се загрози суверенитетот на овие држави. Да се ​​покренат нашите економии. Ние имаме потреба од економски раст во рамките на 4-5 отсто, а не од 3 отсто годишно. Тоа не е доволно“ , појаснува Вучиќ.

На прашањето како планира да постигне слична соработка со оглед на тензиите во соседните држави, Вучиќ вели дека „Тито успеал да го стори тоа“ .

„Тој беше комунистички диктатор, но многу научен човек. Може ли да замислите, тој беше бравар? Но многу умен. Знаеше како да ги поврзе луѓето. Тоа ни е потребно - да контактираме со луѓето“, вели тој и дава пример со млекарница, која извезува јогурт и сирење во Босна и Херцеговина“.

“Нивните камиони треба да чекаат барем 36 часа на границата, за да поминат низ целата инспекција и не знаеме зошто е тоа така. Сите компании ќе заштедат најмалку 7 отсто од трошоците“, појаснува Вучиќ. Во однос на конфликтите на Балканот српскиот претседател вели:

„Што и да се случи во Косово, тоа секогаш ќе биде меѓу Србија и Албанија. Ако барем едната страна е разумна, ќе ги избегнеме проблемите. Во Босна сепак има три страни и не е лесно да се справиш со работите. Босна е вистинско буре барут“. Тој предвидува дека таму нема да има референдум за отцепување од федерацијата.

Слично

Поврзани вести