Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ сака добри односи со Заев, но Србија нема да трпи удари

Вучиќ сака добри односи со Заев, но Србија нема да трпи удари

Српскиот претседател Александар Вучиќ по дипломатскиот нејасен и непотребен потег за повлекување на амбасадорскиот персонал од Скопје во интервју за ТВ Хепи во Србија посочи дека сака добри односи со премиерот Заев и Република Македонија но, нема повеќе да трпат било какви удари и нефер третман.

– Мене ме интересира каква ќе биде нивната политика кон Србија и важно ни е каков ќе биде нивниот став по повод УНЕСКО, по повод некои други прашања кои се важни за Србија, На тоа ќе градиме реципрочни, искрени и добри односи со Македонија, но нема повеќе на кого било да му бидеме вреќа за удирање, а ниту да кренеме раце, истакна Вучиќ.

Тој во телевизиското интервју се осврна и шпекулациите за ангажирање на САД во дијалогот Белград – Приштина.

– Ние прифативме дијалогот меѓу Белград и Приштина да се води во Брисел, а може да се води каде било под патронат на Брисел и тоа е во ред, но ако се уфрлуваат некои други играчи, тогаш дајте да разговараме за тоа кој уште треба да влезе, посочи Вучиќ.

Слично

Поврзани вести