Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ размислувал да ја испрати армијата на Косово?

Вучиќ размислувал да ја испрати армијата на Косово?

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска одговарајќи на новинарско прашање изјави дека ја разгледувал и опцијата да ја испрати армијата по повод последните настани на Косово.

„Моја уставна обрска е да го штитам интегритетот на Србија. Затоа ме избраа граѓаните. Не гледам што е толку спорно да разгледуваме. Не донесов одлука. Да донесов, ќе бевте запознаени. Тоа не може да се скрие. Но, дека разгледував таква опција – тоа е точно. Избрав трпеливост и зачувување на мирот. Секогаш таква опција ќе одберам доколку не е ситуација од која не може да се извлечете туку морате да барате употреба на армија“- изјави Вучиќ.

Тој вели дека негова обврска е секојпат кога постои кризна ситуација и кога народот е загрозен да ги разгледа сите опции.

Слично

Поврзани вести