Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ прогласи вонредна состојба во Србија

Вучиќ прогласи вонредна состојба во Србија

Србија прогласи вонредна состојба. 

Српскиот претседател, Александар Вучиќ најави дека во наредните три дена ќе се контролира движењето на граѓаните кои имаат над 65 години и доколку не се придржуваат до препораките, ќе се издаде наредба за нивно неизлегување од дома.

Вучиќ рече дека денешниот ден е најцрн ден за Европа после Втората светска војна, бидејќи само за едно деноноќие во Италија починале 365 лица, а во Шпанија 200.

„Од денес, Србија е во војна против опасен противник што мора да се победи. Тоа е борба за нас, нашите стари лица и за иднината на Србија“, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Тој додаде дека прогласува вонредна состојба во цела Србија.

Слично

Поврзани вести