Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВУЧИЌ ПРИЗНА ДЕКА ЗГРЕШИЛ: Не верувал дека Русите ќе се повлечат од Херсон

ВУЧИЌ ПРИЗНА ДЕКА ЗГРЕШИЛ: Не верувал дека Русите ќе се повлечат од Херсон

Повлекувањето на руските војници од Херсон го искоментира и српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Тој вели дека не очекувал руската армија така брзо да се повлече од единствената регионална престолнина што ја окупираше од почетокот на инвазијата на Украина. Кажа дека згрешил во прогнозата. 

„Тоа нам ни покажува колку мораме сами да си ја креираме и да се грижиме за нашата безбедност. Мораме сами за себе да се грижиме ако сакаме да ја браниме нашата воена неутралност“, изјави Вучиќ по денешната средба со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.

Србија е единствена земја од членките и кандидатите за членство во ЕУ која што не воведе санкции за Русија по руската инвазија на Украина.

Руската армија од вчера се повлекува од градот Херсон и делот од истоимениот регион од десната страна на Днепар за да избегне опколување од украинските сили кои со месеци ги бомбардираа сите премини на реката и полека напредуваа од сите страни.

Украина со скепса гледа на повлекувањето, но претседателот Володимир Зеленски вели дека ова е подарок од Русите, туку смета дека не се чувствуваат сигурно. 

Слично

Поврзани вести