Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вучиќ призна дека на Косово е поразен, но и дека Србите плачат

Вучиќ призна дека на Косово е поразен, но и дека Србите плачат

Мојата политика Србија да сочува многу на Косово и Метохија доживеа пораз, таа политика не победи, зашто Србите повеќе сакаат да плачат над нешто што одамна е изгубено, отколку да добијат нешто за тоa, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ  на седницата на Централниот одбор на неговата Српска напредна странка. 

Тој  призна дека неговата политика на Косово доживеала неуспех.

„Сè што можевме да добиеме, испуштивме и изгубивме поради реакциите во Србија, кои го осудија секој мој обид за спроведување на косовската политика”- вели Вучиќ.

Тој пред своите сопартијци рече дека има голем страв од сè што се надвило над Србија поради спротиставените интереси на големите сили и затоа никој не може да предвиди што ќе се случува во наредните 15 до 20 дена.

Но, Вучиќ се гордее што Србија е пред другите земји во регионот. Наведе дека се отвораат фабрики, а јавниот долг е намален. 

Вучиќ изјави дека неговиот говор во Косовска Митровица бил говор на дисконтинуитет со политиката на Слободан Милошевиќ.

Тој рече дека е очигледно дека во регионот сакаат да гледаат или им е потребна само лоша, кавгаџиска Србија. Вучиќ додаде дека на Косово зборувал за дисконтинуитетот во однос на начинот, целите, методите и на тоа што Србија сака да биде во иднина.

„Но, тоа никој не сакаше да го слушне, ни во регионот ни во земјата. Некој некогаш ќе знае да чита, и ќе знае да каже што е правата вистина“- изјави Вучиќ. 

Додава дека весник од Хрватска неговите зборови дури ги претставил како Србија да сака да го освои Балканот.

Вучиќ кажа дека само заборавиле да кажат дека тоа сака да го направи со лап-топи, книги и моливи.

Порача и дека повеќе никому нема да се додворува и оправдува и кука, туку дека ќе се бори за својата земја. 

Вучиќ кажа дека некои држави најбрутално се мешаат во изборите во Република Српска и притоа се закануваат на луѓето.

Слично

Поврзани вести