Вучиќ: Приштинската војска е посилна од македонската и црногорската според американските индексни листи
Српскиот претседател Александар Вучиќ деновиве зборуваше за капацитетите на Косовските безбедносни сили (КБС), оценувајќи дека според одредени американски индекси тие се посилни од армиите на Македонија и Црна Гора.
„Не го велам тоа јас, тоа е нивна гледна точка, не моја“, изјави Вучиќ, додавајќи дека станува збор за проценки направени според меѓународни анализи.
Говорејќи за сојузот меѓу Хрватска, Косово и Албанија, српскиот претседател оцени дека станува збор за „најголемата закана“ за Србија, тврдејќи дека целта на ваквата соработка е да се изврши притисок врз Белград.
„Коссев“ потсетува дека Хрватска на 18 март минатата година потпиша Декларација за воена соработка со Албанија и Косово, што предизвика негативни реакции во Белград, каде властите оценија дека таквиот потег ја поткопува регионалната стабилност и претставува провокација за Србија.
Слично
