Вучиќ предупреди дека оваа есен и зима ќе бидaт пекол
Очекувајте пекол оваа есен и зима, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој денеска изјави дека ситуацијата во светот е тешка, особено на енергетски план, но нагласи и дека не се планира ограничување на електричната енергија.
„Нервозата веќе започна, многу поголема отколку што очекував. Сакам сите во Србија да го знаат тоа. Не сакам никого да лажеме и никој да не разбере за што се работи“, изјави Вучиќ.
Тој објасни дека Србија годишно троши 3,2 милијарди кубни метри гас.
„Ние од Русија купуваме две милијарди по цена од 400 долари за 1.000 кубни метри. Тоа значи дека за тие две милијарди плаќаме 800 милиони евра“, рече Вучиќ.
Според него, во Европа, веќе се чувствува криза. Српскиот претседател вети дека ќе се труди во секоја куќа да има светло и да има греење.
Слично
