Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВУЧИЌ: Поздрав до нашите македонски браќа и пријатели

ВУЧИЌ: Поздрав до нашите македонски браќа и пријатели

Ги поздравувам браќата Македонци, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во Скопје. Тој е на состанок во рамките на Отворен Балкан. 

„Разговараме за заедничкиот пазар, за нашите камиони да можат побрзо да стигнуваат во земјите на ЕУ“, рече Вучиќ. 

Оваа иницијатива е со цел да се олесни животот на граѓаните од Македонија, Србија и Албанија. 

„Се надваме дека ќе добиеме и пристап до сите реформи и фондови  што побрзо. Поздрав до нашите македонски браќа и пријатели“, рече претседателот. 

Потпишани се Протоколите за слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан. 

Граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе добијат слободен пристап до пазарот на трудот во овие три земји, за што денес се потпишаа Протоколите за слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан.

Слично

Поврзани вести